Предговор (Foreword)

Mihajlo Popovski

Abstract


Издавањето списание од која било научна област претставува
важен настан за сите почитувачи на научната мисла кои веруваат
дека може да се дофатат, разберат и да се објаснат безбројните жи-
вотни загатки, проблеми и предизвици со кои се соочуваат луѓето.
Тој настан е уште позначаен и поинспиративен кога на научната
сцена во нашата земја се појавува и прво научно-стручно списание
од одредена област. Таков е случајот и со списанието „Психоло-
гија: наука и практика“, за кое сме убедени дека брзо ќе побуди
забележливо интересирање кај психолозите и кај другите стручни
лица кои се занимаваат со проучување на однесувањето на луѓето
во разни животни контексти, а исто така и кај пошироката јавност.

Списанието „Психологија: наука и практика“ го издава Инсти-
тутот за психологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа е конципирано како науч-
но-стручно списание за сите гранки на психологијата. Во него се
објавуваат изворни научни трудови (соопштенија од оригинални
емпириски истражувања), прегледни научни трудови (систематски
прегледи, анализи, процени или толкувања на истражувачки наоди
и теоретски сознанија од одделна област) и различни видови струч-
ни прилози (соопштенија од конференции, извештаи од реализира-
ни проекти, пленарни предавања, прикази, коментари, критички
анализи, осврти и интервјуа).


Со издавањето на списанието „Психологија: наука и практика“,
веруваме дека ќе се премости долгодишната празнина во однос на
објавувањето научни трудови на психолозите во свое, специјали-
зирано психолошко списание. Tоа ќе биде поттик за сите што се
занимаваат со научна и/или стручна работа да објавуваат трудови и
прилози, самоиницијативно или како дел од своите професионални
ангажмани, со што ќе придонесат за збогатување на сознанијата за
различни психолошки феномени и проблеми и за унапредување на
психолошката дејност во нашата земја.


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.