ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ПОРЕДОК ВО НОВАТА КОНСТЕЛАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ

Горан ЗЕНДЕЛОВСКИ

Abstract


Во изминатата декада се појавија серија видувања и сценарија за постоечкиот светски поредок. Сѐ уште се присутни дилемите каков модел на поредок би билнајадекватен во новата констелација на односи. Сложеноста произлегува одвидовите и интензитетот на транснационалните закани кои предизвикаа измени во улогата и активностите на субјектите во меѓународните односи. Безбедноста претставуваше услов и влијаеше, државите, меѓународните организации и институции, недржавни актери, да донесат компромисно решение за круцијалните проблеми или да се соочат со дизбаланс на силата и интересите. Од конфронтирањата и поделеноста во ставовите, меѓународните актери констатираа дека постојаното усовршување на „мечот” и „штитот” не гарантира дека светот нема да се најде пред нови искушенија за глобалната безбедност.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: светски поредок, меѓузависност, безбедност, организации.


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.