ГЕОПОЛИТИЧКИTE ФАНТАЗИИ И РАЗРЕШУВАЊЕТО НА КОНФЛИКТИТЕ ВО 21. ВЕК

Владимир РУКАВИШЊИКОВ

Abstract


Никој не може да обезбеди прогноза ослободена од политичките прет- поставки, национални стереотипи, митови, стравови и предрасуди длабоко вкоренети во минатото. Како резултат на тоа, многу наводни „предвидува- ња“ не се ништо друго освен геополитички фантазии, иако се тврди дека целите и намерите на ваквите прогнози се состојат во идентификување на политичките, социјалните, демографските, економските, културните и вое- ните тенденции и на геополитичките препреки за мирен развој на човешт- вото. Овој текст ја илустрира оваа идеја преку книгата „Следните 100 годи- ни“ на Џорџ Фридмaн. Ефикасноста на менаџирањето на конфликтите се потпира, барем делумно, на националните интереси на земјите вклучени во акциите и на меѓународното право. Сепак, одредбите на меѓународното право се менуваат под притисок на околностите. Од друга страна, открива- њето на националните интереси исто така не е лесна задача. Како пример се земени последните случувања во Киргистан (во 2010 година), заедно со случаите на Косово и петдневната војна помеѓу Грузија и Русија (2008). Статијата се осврнува и на предвидувањата за иднината на САД, ЕУ, Русија и Кина во 21-от век, проблемот на односите меѓу националните интереси и меѓународното право, како и реакцијата на Русија во однос на конфликтите кои неодамна се појавија во близина на нејзините граници.

Клучни зборови: прогноза, 21-ви век, војна, мир, национален интерес, меѓународно право, САД, Русија, Кина.


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.