ЕТНИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ КАКО МОБИЛИЗИРАЧКА АЛАТКА

Стојан СЛАВЕСКИ

Abstract


Во историјата многу етнички групи исчезнале како што постепено го гу- беле нивниот идентитет и биле апсорбирани од другите етнички групи. За- чувувањето на духовната, социјална и културна дистанца од другите етнич- ки групи, одбивањето за асимилација и интеграција може, во погодни околности, да осигура опстанок на одреден етнички групен идентитет. Па така, етничката мобилизација е најзаслужна за подобрувањето на условите на најголем број етнички малцинства во Централна и Источна Европа. Без сопствена мобилизација многу етнички групи во посткомунистичкиот свет можеа да останат ранливи субјекти во нивните држави и општества. Целта на етничката мобилизација може да биде релативно скромна, како што е зголемувањето на опсегот на употреба на јазикот на малцинството. Други мобилизирани групи можат да си постават многу поамбициозни цели како што е реунификацијата на една, најчесто митска, но, сè уште, политички релевантна етничка татковина. Меѓутоа, реалниот проблем со кој се соочу- ваме сега е како да се демоблизираат веќе мобилизираните етнички гру- пи.

Клучни зборови: етнички идентитет, секјуритизација, десекјуритизаци- ја, малцински права


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.