СПЕЦИФИЧНОСТА НА РАКОВОДЕЊЕТО СО ПОЛИЦИЈАТА

Оливер БАКРЕСКИ, Срѓан МИЛАСИНОВИЌ

Abstract


Полицијата како организациски систем не може да се замисли без ра- ководењето. Раководењето како определен начин на насочување на зада- чите од повисоко ниво на пониско ниво и степен на сложеност и извршу- вање го претставува дијалектичкото единство и заокружен процес во ко- нечното постигнување на целите. Денес, современиот пристап на раково- дење со полицијата сè повеќе инсистира на позиционираната моќ и авто- ритет како традиционален начин за влијание во полицискиот систем. Со тоа се овозможува серија чекори или насочување на акциите во правец на остварување на дефинираната цел. Текстот претставува критички осврт на раководењето со полицијата како една своевидна специфичност и посебна карактеристика во работењето на полицијата. Истовремено, во текстот се прави обид покрај нивоата на раководење со полицијата да се прикажат состојбите во оваа област во Република Македонија.

Клучни зборови: раководење, безбедност, безбедносен сектор, поли- циска организација, функции.


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.