ЗА „НУМЕРОЛОГИЈАТА“ НА НЕОЛИБЕРАЛИСТИЧКИОТ ГЛОБАЛИЗАМ СИРОМАШТИЈАTA - ВТОРО ИМЕ НА СТРУКТУРНОТО НАСИЛСТВО

ДИМИТАР АПАСИЕВ

Abstract


Целта на овој труд е да даде еден малку поинаков осврт на подзаборавеното и често
запоставено структурно насилство и на неговиот најзабележлив фeномен –
сиромаштијата, како една од антицивилизациските појави во современото „развиено“
општество.
Во него се разработуваат видовите на овој „мек“, но мошне деструктивен вид
насилие врз човечноста, а преку бројните статистичко-нумерички податоци и
компарации ова прашање се става во контекст на денешниот целосно делегитимиран
систем на капиталистички неолиберализам – со посебен осврт на т.н. „македонски
случај“ во периодот на [пост]транзицијата.
Од анонимна исповед на еден сиромашен Африканец, па преку мислења на видни
автори, активисти и авторитети (Ганди, Лутер Кинг, Галтунг, Бауман, Курон, Жижек,
Рацин и др.) – авторот текстот го завршува во еден оптимистички тон – со изјава на
инспиративниот Џиду Кришнамурти дека „Човекот е сам свој ослободител!“
Клучни зборови: структурно насилство, сиромаштија, пауперизација, глад, „Земји во
развој“ (Трет свет), транс-национални корпорации (ТНК), приход, кризи, култура.

Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.