ЛЕГИТИМНОСТА НА УПОТРЕБАТА НА СИЛА: СЛУЧАЈОТ ЛИБИЈА

Рина КИРКОВА

Abstract


Уште од самиот почеток, воената интервенција врз Либија предизвикаспротивставени толкувања во врска со легитимитетот и легалитет на употребата на сила.На политички план, додека западните влади тврдеа дека интервенцијата е и нужна иправно заснована, Русија силно приговараше за прекумерна употреба на сила и барашеодговорност за цивилните жртви. Дебатата се пресели и на академски план.Меѓународните невладини организации алармираа за тешки повреди на човековитеправа и за воени злоосторства сторени од двете страни во конфликтот (бунтовниците исилите на режимот). На самиот почеток на граѓанскиот судир и на надворешнатаинтервенција која следуваше, медиумите ја отсликаа загрижувачкјата ситуација натеренот: бегалска и хуманитарна криза, како и масовна деструкција како консеквенци навоените дејствија. Постои впечаток дека интервенцијата на трета страна со военисредства наместо заштита на цивилите доведе до интензивирање на спиралата нанасилство и до влошување на пложбата на цивилите. Со оглед на обемот на материјалнии човечки консеквенци, како прво се поставува прашањето за тоа дали постоешенужност од воена интервенција во Либија. Исто така, дискутабилно е и тоа дали военатаинтервенција беше законита и легитимна според позитивното меѓународно право. За дасе истражат овие дилеми, текстот нуди правна анализа на базичните документи и нормина меѓународното право кои ја уредуваат воената интервенција врз суверена држава.Особено се става акцент на одредбите на Повелбата на ОН како и на двете резолуциина Советот за безбедност на ОН (Резолуцијата 1970 и 1973). Авторката заклучува декамеѓународната интервенција против режимот на Гадафи, наспроти обидите да сеоправда правно, се поместуваше од одговорноста да се заштитат невините цивили доземање страна во граѓанска војна, па до заложби за смена на режимот. Ова оставаширок простор за спекулации околу скриената агенда на силите кои интервенираа.

Клучни зборови: меѓународно право, употреба на сила, легитимитет,одговорност да се заштити, Либија


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.