SECESSION AND SELF-DETERMINATION OF PEOPLE IN INTERNATIONAL LAW: The case of former Yugoslavia

Frosina T. REMENSKI

Abstract


Самоопределувањето е право на секој народ и нација во светот самостојно даодлучува за својата судбина. По принцип на самоопределување се подразбираатследниве права: право на отцепување и создавање независна национална држава,право на соединување со други народи, право на економско самоопределување, како иправо на избор на општествено и политичко уредување. Повелбата на ООН правото насамоопределување го спомнува во членот 1 и 55, но без дефиниција за самиот поим.Поимот „народ“ се` повеќе може да се примени на етно-културните групи во рамките надржавата. Правото на самоопределување има внатрешни и надворешни аспекти.Надворешните аспекти се однесуваат на правото на народот да го одредатмеѓународниот статус на територијата. Овој аспект го уживаат народите однесамоуправните територии, населението на суверени и независни држави,територијално сконцентрирана популација исклучени од јавниот и политичкиот живот инаселението на конститутивна единица на етничка федерација во процес на распаѓање.Во сите останати случаи, признавањето на правото на народите на самоопределувањенема влијание на територијалниот интегритет на суверената и независната држава.Интерните аспекти на правото на самоопределување го признава правото на ситеграѓани слободно да го одредуваат својот политички статус и слободно постигнување наекономскиот, општествениот и културниот развој. Сепаратизмот е залагање за состојбатана културните, етничките, племенските, верските или политичка автономиј на одреденагрупа (расне, етничка), дури и барање за полно политичко отцепување и формирање нанова држава. Сепаратистичките барања зависи од различни економски, политички исоцијални фактори. Процесот на дезинтеграција и распаѓањето на југословенскатафедерација започна на 25 јуни 1991 година. Трудот има за цел да ги даде меѓународно-правните норми на правото на самоопределување и во тој контекст да даде кратокпреглед на процесот на дезинтеграција на поранешната југословенска федерација.

Клучни зборови: сецесија, право на самоопределување, дезинтеграција, СФРЈ;


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.