Editor's note

Toni Mileski

Abstract


ПРЕДГОВОР НА УРЕДНИКОТ

 

Почитувани читатели,

 

Во периодот помеѓу двата броја за 2012 година, списанието „Безбедносни дијалози“ успешно ја заврши регистрацијата во престижната база на списанија со отворен пристап (DOAJ – Directory of Open Access Journal). Оваа база на списанија е насочена кон зголемување на видливоста и поедноставување на користењето на научни и академски списанија со отворен пристап. Вклучувањето во базата е уште една потврда дека списанието „Безбедносни дијалози“ ги задоволува потребните критериуми кои меѓу другото налагаат имплементиран систем за контрола на квалитетот на објавените содржини.

Вториот број за 2012 година на читателите ќе им понуди различни содржини со интересни методолошки пристапи кон истражуваните проблеми. Овој број е збогатен со пригодното обраќање и предавање на министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јакнуловска на тема „Теророзмот на почетокот на XXI век“. Поводот за средба со министерката беше потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Фи­ло­зоф­ски­­от факултет – Институт за безбедност, одрбана и мир и Министерството за внат­реш­ни работи. Понатаму, следуваат позитивно рецензираните научни трудови кои нудат раз­­лични содржини и во голема мерка го збогатуваат научниот опус во безбедносната, од­бранбената и мировната сфера. Како оригинален научен труд е детерминиран трудот на проф. д-р Кристијан Валар, декан на факултетот за право и политички науки при Уни­верзитетот во Ница, Франција. Авторот е гостин предавач на Вториот циклус студии на Институтот за безбедност одбрана и мир. Во оваа прилика пишува за НАТО и Арап­ска­­та пролет – средствата за една комплексна ситуација. Следуваат седум научни тру­до­ви кои се однесуваат на следните истражувачки проблеми: НАТО и животната сре­ди­на, иден­­тификувачките обележја на тероризмот и организираниот криминал, об­ли­ци­те на не­­легална и присилна миграција во Република Македонија, одговорот на ди­лемата вое­на или не-воена безбедност, улогата на дипломатијата во зачленувањето на Република Ма­к­едонија во Европската унија, влијанието на социјалната политика на одр­живото гра­де­ње на мир – случајот на Косово и бунтовништвото и неговата му­ти­рач­ка природа во XXI век. На самиот крај се поместени приказите за традиционалните и сов­ремени кон­цеп­ти на безбедноста и институционалните капацитети за спроведување на политиката кон дијаспората на Република Македонија.

 

Со почит,

Проф. д-р Тони Милески

Главен и одговорен уредник

EDITOR’S NOTE

 

Dear readers,

 

In the period between the two issues of 2012, the Journal “Security Dialogues” successfully finalized the registration process for the prestige Directory of Open Access Journals. This directory of journals is directed towards increasing the visibility and simplifying the use of open access scientific and academic journals. Inclusion in the directory confirms yet again that the Journal “Security Dialogues” fulfils the needed criteria, which among other things impose an implemented system for quality control of the published content.

The second issue for 2012 will offer its readers a variety of content with interesting methodological approaches towards the issues being researched. This issue is also enriched with the occasional speech and lecture of the Minister of Internal Affairs, Gordana Jankuloska, M.A., on the topic of “Terrorism at the Beginning of the XXI century”. The reason for a meeting with the Minister was the signing of the Memorandum for Collaboration between the Faculty of Philosophy - Institute for Security, Defence and Peace Studies, and the Ministry of Internal Affairs. In addition, one can find reviewed scientific articles that offer different content and largely enrich the scientific opus in the field of security, defence and peace. The article by Christian Vallar, Dean of the Faculty of Law and Political Studies at the University of Nice, France, is considered to be an original scientific article. The abovementioned author is a guest lecturer for the second cycle of studies at the Institute for Security, Defence and Peace Studies. In this work he specifically writes about NATO and the Arab Spring - the means for a complex situation. The Journal contains seven scientific works, which pertain to the following research issues: NATO and the environment, the identifying characteristics of terrorism and organized crime, the forms of illegal and forced migration in R. Macedonia, the answer to the dilemma of war and non-war security, the role of diplomacy in Macedonia’s EU membership, the influence of social politics in the persistent building of peace - the case with Kosovo and rebelliousness and its mutating nature in the XXI century. The final part concludes with the stories of the traditional and contemporary concepts of security, and the institutional capacities for conducting the politics towards the diaspora of R. Macedonia.

 

Sincerely,

Prof. Toni Mileski, PhD

Editor in chief


Refbacks

  • There are currently no refbacks.




Copyright © 2012 Security Dialogues.