СИРОМАШТИЈАТА – НАЈМАРКАНТЕН ФЕНОМЕН НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

ИРЕНА АНДРЕЕСКА

Abstract


Глобализацијата подразбира најтемелна анализа на сите политички и економски договори на планетата, што се извршени од времето на индустриската револуција па наваму. Глобалната економија им припаѓа на водечките поборници на овој нов поредок и на оние на кои тој им одговара, како на пример на менаџерите на големите корпорации, нивните сојузници во владата и новата, моќна и централизирана, глобална трговска бирократрија. Визиите кои тие ни ги опишуваат непогрешливо се позитивни, дури и утопистички: глобализацијата е решение на сите проблеми. Во меѓународните организации каде што се наоѓа вистинската моќ (како што се ММФ или СТО), нема претставници на работничкото движење. Не им се дава место ниту на најдесните про-бизнис синдикални лидери. Тоа ја презентира буржоаската демократија воопшто: бескрајни собири на бескорисни поединци кои зборуваат колку фин може да биде светот, додека директорите на мултинационалните компании одлучуваат позади сцена за вистински важните работи.Последиците од новата поделба на трудот доведуваат до тоа светскиот систем да се подели на развиен светски центар (лингвистички заменуван со терминот “север”), и неразвиен “југ”, помеѓу кои постои асиметричност во користењето на благодетите од глобализацијата. Human Development Report 20042 констатира дека бројката на луѓето во светот кои живеат со помалку од еден долар дневно изнесува 1.100.000.000 што значи дека глобалистичкото сценарио произведува голем број сиромашни во неразвиените земји и мал број многу богати во развиените земји. Сценариото на глобализацијата е присутно на светската сцена веќе подолго време со поразителни последици. Идеолошките принципи на глобализацијата претставуваат одвај нешто повеќе од обична рационализација на еден нов вид на индустриски колонијализам, кој ги погодува сиромашните земји, како и сиромашните во богатите земји.

Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Copyright © 2012 Социолошка ревија.