Морално мислење кај адолесценти со различен степен и вид на образование

Ана Фрицханд

Abstract


Во трудот се испитува моралното мислење кај адолесценти со различен степен и вид на образование. Вкупниот број испитаници изнесува 144. Според степенот на образование 72 се ученици од средно училиште, со средна возраст од М=17,7 години, а 72 се студенти со средна возраст од М=21,4 години. Според видот на образование вклучени се ученици од општа гимназија, ученици од Македонската православна богословија, студенти на Филозофскиот факултет и на Факултетот за физичка култура, како и студенти на Православниот богословски факултет во Скопје. Сите испитаници се од машки пол, Македонци, со православна вероисповед и живеат во Скопје.Моралното мислење во овој труд се испитува со помош на посредни концепти. Резултатите се изразени преку три индикатори: број на најдобри постапки и објаснувања, број на најлоши постапки и објаснувања и вкупен број добри и лоши постапки и објаснувања. Добиените резултати упатуваат на статистички значајни разлики меѓу адолесцентите со различен степен на образование (п<0,01). Во однос на видот на образование, статистички значајни разлики за целиот примерок не се најдени. Меѓутоа, парцијалните споредби покажуваат дека студентите на Православниот богословски факултет се подобри во идентификување на најлошите избори и објаснувања (т(70) = -2,591; п<0,01), во споредба со студентите на Филозофскиот факултет и Факултетот за физичка култура во Скопје. Оттука може да се заклучи дека повисокиот степен на образование е поврзан со поголема способност за идентификување на добрите и лошите постапки и објаснувања, додека видот на образование прави разлика во оваа способност дури во рамки на високото образование.

Клучни зборови: морално мислење, адолесценти, степен на образование, вид на образование


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Copyright © 2012 Социолошка ревија.