Концептот на ереста во христијанството

Марија Ташева

Abstract


Тргнувајќи од констатацијата дека ересот е карактеристика на монотеистичките религии, се настојува да се најдат аргументи кои ќе го поткрепат ставот дека во рамките на христијанството неговите основи се наоѓаат во тесната поврзаност на религиозната и политичката институција и во постоењето хиерархиска структура која обезбедува механизми за постигнување на нивна внатрешната интеграција и за опстанување на општествениот поредок. Се посочуваат две основни ситуации кои поттикнуваат прогласување на ереси: а) кога политичката заедница е компонирана од групи со различни културни особини, од кои секоја поставува барања за постигнување привилегиран сатус во државата, и б) кога процесот на стратификациско раслојување произвел нови општествени слоеви кои поставуваат свои барања за прераспределба на општествените ресурси во државата, особено барања за прераспределба на моќта. Во овој поглед ереста се јавува како механизам за превенирање на општествената дезинтеграција на заемно поврзаните религиозни и политички тела.

Клучни зборови: христијанство, ерес, еретик, санкција, правоверност


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Copyright © 2012 Социолошка ревија.