Одржливиот развој како концепт за социјална интеграција

Милева Ѓуровска

Abstract


Во последните десет години значително се зголеми интересот за проучување на социјалните проблеми. Овој интерес не е карактеристичен само за општествените науки, туку и за Европската унија и други меѓународни организации кои вложуваат големи напори во креирањето на политики преку кои ќе се насочува општествената практика. Еден од тие концепти кои ги идентификува подрачјата со голем ризик е концептот за одржлив развој. Во оваа статија посебно внимание се посветува на оној сегмент од концептот за одржлив развој кој се однесува на социјалните проблеми т.е. проблемите кои се однесуваат на социјалната интеграција. Имено, освен разгледувањето на општествениот амбиент кој значително влијае врз ерупацијата на социјалните проблеми, посебно ќе се разработи проблемот на дискриминацијата на жените на пазарот на трудот.

Клучни зборови: одржлив развој, човекови права и слободи, социјална исклученост, пазар на трудот, флесибилизација.


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Copyright © 2012 Социолошка ревија.