ПРИСУСТВОТО НА ПРОЦЕСИТЕ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ВО ОДДЕЛНИ СФЕРИ ОД СОЦИЈАЛНИОТ ЖИВОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Марија Дракуловска Чукалевска

Abstract


Во последниве две децении прашањето за глобализацијата претставува едно од централните прашања на современата социологија. Тоа ги преокупираше најзначајните социјални мислители кои од разни теориски позиции го објаснуваат нејзиното значење за социологијата и настојуваат да ја објаснат нејзината мултидимензионална природа. Со оглед на комплексноста на ова прашање, во овој труд се истражува присуството на процесите на глобализацијата во Република Македонија. Истражувањето е спроведено на 671 испитаник, граѓани на Република Македонија. За таа цел, од испитаниците побаравме да го оценат присуството на глобализацијата во рамките на семејството и местото на живеење, како и во сферите на економијата, финансиското работење, политиката, модата, облеката, храната и пијалаците, јазикот, техниката, музиката, медиумите и образованието.

Клучни зборови: процеси на глобализација, промени, сфери


Full Text:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Copyright © 2012 Социолошка ревија.